
Утрото свежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.