Има ли интервенција во собраниските стенограми?

Универзитетската професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук реагираше зошто во стенограмите од дебатата за Законот за Јавно обвинителство што се одржа во вторникот во Собранието и го избришале зборот ”Рекет” и наместо тоа ставиле ире.

Во нејзиниот статус не пишува дали ова се случило и со други зборови од нејзиниот говор.

Давкова пишува дека станува збор за само уште една манифестација на хибридниот режим.

Силјановска Давкова потенцира дека од владата ја цензурирале книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата и исто така среде Собранието како „ школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања. Во овој контекст ги споменува и филмовите “Ругање со Христа” и “Трето полувреме”.

-Што е следно во демократијава што „блеска“/блес(к)ави: забрана да се изговори „ „Рекет“, среде Рекетарска Македонија? Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?! – напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.

Од Собранието тврдењата на професорката ги оценија како целосно неосновани и тендециозни. Велат дека никој не интервениран ниту се осмелил тоа да го направи. Потенцираат дека стенограмите од јавните расправи се прават од аудио материјал и во оној дел каде зборовите се неразбирливи или поради врева не може добро да се чујат се остава празна линија.

Со оглед на интересот за темата салата Борис Трајковски беше преполна. Поради вревата се случило одреден момент од дискусијата на говорниците да не се слуша убаво. Поради тоа службите оставиле празен простор, токму со цел да не интервенираат во содржината на говорот.– велат од Собранието.

Од таму ја повикуваат професорката да отиде во Законодавниот дом и да се увери дека не станува збор за интервенција.