
На крајот од работната седмица во Македонија ќе преовладува претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утрово во долниот тек на Повардарието има појава на ниска облачност.
Уринските температури се движат од 0 и 3 степени во планинските предели на истокот и западот до 7 степени на југот на земјата. Во текот на денот ќе дојде до нивно значително зголемување па максималните соодветно ќе достигнат меѓу 18 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер и температура до 22 степени.