Креирал лажен фејсбук профил со фотографија на гостиварка, кривична против 36 годишник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Е.(36) од село Мамудовци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
МВР известаи дека на 29.05.2022, пријавениот злоупотребил лични фотографии на женско лице од Гостивар и на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажен профил, а потоа поставил лични податоци, нејзина фотографија и две фотографии со експлицитна содржина.