
Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Top Channel, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е 60-годишниот Пали Кола, лице од обезбедувањето.
Возило „ренџ ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.
Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.