ВИДЕО| Настапот на „Златна Бубамара“ кој предизвика најмногу емоции во Македонија

Во салата „Борис Трајковски“, на 16 март се одржа најновото 26-то издание на познатата манифестација „Златна Бубамара на популарноста”. Синоќа, премиерно на ТВ Канал 5, ова спектакуларно издание можеa да го проследат и оние кои не присуствуваа на настанот во живо.

Со сигурност може да се каже дека најдраматичниот момент на манифестацијата, беше интерпретацијата на песната „Ми заплакало селото Ваташа“ на Андријана Јаневска, проследена со стиховите на песната „Цветови“, која ја рецитираше Џамбазов.
Специјална посвета на авторот на стиховите, писателот Славко Јаневски и сериозна критика за манипулативните толкувања на историјата, кои во последниот период се во политичкиот фокус.

Погледнете: