
Попладнево се случи сообраќајна несреќа на обиколницата крај Скопје, кога патички автомобил се преврте на коловозот.
Засега нема информации за настрадани, како и за причините за несреќата. Во моментов на лице место на увид се наоѓа полицијата. Поединости од Министерството за внатрешни работи се очекуваат подоцна во текот на денот.