Бројот на злосторства извршени од деца во Германија се зголемил за третина во 2022

Последната германска статистика за криминалот покажува пораст на криминалот кај децата и младите, а експертите се скептични за предлозите за намалување на возраста за кривична одговорност.
Бројот на злосторства извршени од деца во Германија се зголемил за една третина во 2022 година во споредба со претходната година, покажуваат статистичките податоци објавени денеска од Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА).
Вкупно 5,6 милиони кривични дела се регистрирани во земјата во 2022 година, за 11,5 проценти повеќе отколку во 2021 година.
Бројот на осомничени, исто така, се зголемил за нешто повеќе од 10,7 отсто во споредба со 2021 година, на над 2 милиона.
Меѓу осомничените, пак, бројот на деца под 14-годишна возраст се зголеми на 93.095 – што е за 35,5 отсто повеќе од претходната 2021 година.
Околу 189.149 осомничени биле на возраст меѓу 14 и 18 години – во 2019 година оваа бројка била 177.082.
Најчести злосторства извршени од деца и млади се кражбите, потоа напад, материјална штета и прекршоци поврзани со дрога.