
-За 6️ месеци, 6 пати се дава едно исто ветување за договорот за платите на здравствените работници кое ниту денес не е реализирано. 6️ месеци игнорантски однос и пазарења со хероите на пандемијата за денес повторно да видиме дека преговорите се на нулта позиција како на самиот почеток, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Внимателно ги следиме сите информации кои пристигнуваат до нас од нашите колеги за притисоци, закани и мобинг со кои се соочуваат во неколку јавни здравствени установи во однос на искажувањето незадоволство од нереализираните ветувања и најостро ги осудуваме заради тоа што тоа е недозволиво. На нашите колеги кои имаат потреба од правна помош за повреда на нивните права/притисоци/мобинг и слично, им стоиме на располагање преку бесплатно обезбедување правна помош на следниот маил:
[email protected]
Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека постојниот анекс на договорот за кој се преговара е понижувачки и потценувачки и не кореспондира со барањата на здравствените работници, туку лични ставови само на поединци од причини познати само на нив, но и на целата здравствена фела.