
Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки, а Претседателот на државата, Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник, порача во петокот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„… Јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме ЛИЧНО, ОЧИ ВО ОЧИ.
Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови.

Исто така, барам од Претседателот на државата, -дин Стево Пендаровски да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник.

Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.
Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата.
И на крај, да им биде јасно на СИТЕ, и по цена на мојот живот, НЕМА да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните“, објави Петрушевски на својот фејсбук профил.
Претходно во петокот беше објевено дека од истиот профил на извесен Роберт се упатувани закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кои се наведува дека „доколку му е мило семејството да си остане мирен“.
„Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот упатен кон лидерот на најголемата опизициска партија.
И покрај ваквите јавно упатени закани засега немаше никаква реакција од надлежните органи, и не е познато дали ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, останува да се види.
Исто така, нема реакција ниту од невладините организации кои никаде ги нема и молчат за овој случај, очигледно тие реагираат само по одредени партиски наредби.
Инаку, од скриениот профил со ваквите објави, може да се заклучи дека станува збор за лице-симпатизер и поддржувач на политиката на Владата, бидејќи има и објави со такви содржини.