
Цените во земјоделството во ЕУ престанаа да растат на крајот на 2022 година, достигнувајќи го својот врв во текот на пролетта и летото 2022 година, објави Eurostat. Поради војната во Украина, минатата година дојде до ненадеен пораст на цените.
Силен раст на цените во земјоделството во Европската Унија е забележан во сите тримесечја од минатата година, а најсилен беше во второто и третото, додека незначително беше забавен во последното и за земјоделските производи и за инпутите потребни за производство, наведува Eurostat.
Во последниот квартал од 2022 година, кошницата на земјоделски производи беше во просек за 26 отсто поскапа отколку во истиот период во 2021 година. Во третиот квартал беше 30 отсто повскапа од 2021 година.
Како што наведуваат, најголемо поскапување бележат јајцата и тоа за 64 отсто, потоа свињите со 52 отсто и маслинките за 51 отсто.
Скокот на цените на земјоделските производи во ЕУ го одрази зголемувањето на цената на стоките и услугите што се користат во земјоделското производство, со годишна стапка на раст од 27 отсто во последните три месеци од 2022 година.
Податоците покажуваат забавување на растот на влезните трошоци на крајот на минатата година, бидејќи во третото тромесечје биле во просек за 36 отсто повисоки во однос на истиот период лани.
Од инпутите, најмногу пораснала цената на вештачките ѓубрива и подобрувачите на почвата и тоа за 55 отсто.
Повеќе плаќале и сточарите, за кои цената на добиточната храна порасна за 29 отсто во однос на последниот квартал од 2021 година.
Во четвртиот квартал сите земји од ЕУ забележале двоцифрен раст на цените на земјоделските производи и на стоките и услугите што се користат во земјоделството.
Најголем пораст на просечната цена на земјоделските производи во четвртиот квартал во однос на истиот квартал од 2021 година е забележан во Унгарија, 53 отсто. Следува Полска со 44 и Германија со 38 проценти.