
Утрово околу осум часот во скопската населба Капиштец, пред казино убиен е маж од селото Арачиново.
Според информации од Министерството за внатрешни работи во 08.05 часот, во казино лоцирано на булеварот .„М.Т.Гологанов“ кај Млечен ресторан, пријавено е пукање, при што Н.А. (46) од с.Арачиново подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.