
Ракометарите на Алкалоид приредија сензација во ракометниот плејоф на Македонија откако славеше со 22:21 над шампионот Вардар, нанесувајќи му го на актуелниот првак првиот овосезонски пораз на домашната сезона.
Амбициозниот спортски проект предводен од селекторот Кире Лазаров блесна против моќниот противник, на моменти водеше и со седум погодоци, а младите ракометари покажаа карактер да се вратат во мечот дури и кога беа во негатива, на крајот стигнувајќи до заслужена победа над „црвено-црните“.
Серафимов беше најефикасен со седум гола, по три постигнаа Кофиловски, Илиески и Младеновиќ, додека кај Вардар најдобри стрелци беа Манасков со седум и Талески со четири погодоци.