
Три одделни физички напади изминатото деноноќие се пријавени во полицијата, информираше во неделата Министерството за внатрешни работ.
Во саботата околу 11,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек, во близина на хотел во Штип, по претходно недоразбирање во сообраќајот, 39 годишниот Г.М. од Злетово бил физички нападнат од 52-годишниот В.М. од Кочани.
Подоцна во текот денот околу 19 часот, во Полициска станица Драчево, 20-годишниот Н.М. од Скопје пријавил дека претходно околу 16 часот на подрачјето на скопската општина Кисела Вода бил физички нападнат од Ф.Т., кого го познавал од претходно.
Ноќта кон неделата, во 1,50 часот по полноќ, пред угостителски објект во Гевгелија полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода 20-годишнит А.Д. од Богданци, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник.
За сите настани се известени месните канцеларии на Јавен обвинител и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.