
Академијата за здравство ќе влијае на усовршување и мотивација на младите лекари и медицинскиот кадар.
Ја поздравувам идејата за организирање една ваква Академија, иницирана од еминентни доктори од различни области: торакална хирургија, кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, неврохирургија, гинекологија и ортопедија, истакна Д-р Горан Маркоски, гинеколог во Болницата во Охрид.
Во пресрет на 7 април, Светскиот ден на здравјето, оваа одлична иницијатива за Академија за здравство од страна на нашите еминенти доктори кои учествувале во интервенции кои првпат се воведени во јавно-здравствениот систем ја препозна и даде поддршка Комисијата за здравство на ВМРО- ДПМНЕ.
Академијата, која е од отворен тип ја отворија градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и Гордана Лолеска од НВО “Ретко е да си редок” од Охрид, а присуствуваа здравствени работници од целиот регион и државата.Предвидено е постепено да се проширува и во останатите градови и да прерасне во традиција, а дел од неа да бидат наши еминентни доктори од различни области, како и здруженија на пациенти кои се директно засегнати од предизвиците на јавно-здравствениот систем.