
Денвер веќе трет натпревар игра без Јокиќ, а тренерот Мајкл Мелоун негираше дека Србинот намерно одмара за да биде подготвен за плејофот во НБА-лигата и објасни дека има проблеми со десната нога.
„Ова не е шега. Се трудиме да донесеме паметни одлуки. Најлошо сценарио е тој да заигра и да направи поголем проблем од тој што го има сега. Не смееме да дозволиме да биде отсутен подолг временски период“, кажа Мелоун.