
Во понеделникот во Македонија ќе преовладува облачно време, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).
На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 2 до девет степени, а максималните дневни ќе бидат осетно пониски одтколку претходнио период и ќе бидат во интервелот од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, со максимална температура до 12 степени.