
„Рурална Коалиција“ во изминатиот период работеше на видео истражувачка сторија во соработка со локална медиумска куќа, а се со цел да ја доближиме темата за ЕУ интеграциите и родовата еднаквост до локалното население најмногу преку приказ на реалната состојба на терен и работењето на различните чинители во заедницата на темата и нивните достигнувања. Низ сторијата говориме за работата на Комисиите за еднакви можности во урбаните и руралните општини, говориме за познавањето на темата родова еднаквост од страна на локалното население, говориме за нашите перспективи и гледишта како може да се унапреди родовата еднаквост во локалната заедница, затоа што токму родовата еднаквост ќе биде еден од критериумите чие што исполнување ќе се бара при отворањето на секое поглавје или кластер на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, соопштија од „Рурална Коалиција“.
Видео сторијата е изработена во рамките на проектот „Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“ кој што се спроведува во општините: Кичево, Пласница, Прилеп, Кривогаштани, Гостивар и Врапчиште и истата е достапна на Youtube каналот на Рурална Коалиција…