Андоновски: Преамбулата на Уставoт е искасапена, а за тоа не е виновно ВМРО-ДПМНЕ

-Како партија се боревме тој договор со Бугарија да не стане дел од преговарачката рамка. Зошто? Затоа што Бугарија не го почитува основниот параметар на тој договор, да го поdдржува нашето пристапување кон ЕУ“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.
Андоновски запраша што ќе стане ако на власт во Бугарија дојде некоја анти ЕУ партија на власт и рече дека нема да важи веќе договорот со нас. А, истиот тој договор е дел од преговарачката рамка. Што тогаш ќе се случи? Која сила ќе го има тогаш тој договор. Зар Бугарија ги има сите права, а Македонија само обврски.
„Преамбулата на македонскиот Устав е искасапена и за тоа не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, виновни сенајмногу промените со Преспа, кои што чкраа делови од таа Преамбула, зборчиња, правејќи ја сега, денеска и функционално нечитлива, неразбирлива. Сретнав еден квази пречистен текст на таа Преамбула, таа не личи на ништо, ни граматички, ни јазично, ја изгубила својата суштина. И како таква таа цело време се менува на штета на македонскиот народ“, нагласи Андоновски.
„Зошто еднаш не направиме една промена која што ќе значи задржување на идентитетската одредница на македонскиот народ, зацврстување на унитарноста по првпат, а потоа признавање на сите малцинства кои што живеат во Македонија. Или се научивме со секоја промена да одиме чекор наназад во одбраната на македонскиот идентитет и да дозволуваме кој како сака да не шетари по нашите највисоки правни документи“, рече тој.
Андоновски нагласи дека зацрвстување на унитарноста на Македонија треба да значи дека Македонија е држава на македонскиот народ.