
Премиерот на техничката влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, објави во четвртокот дека статистичките податоци покажуваат дека просечната плата во неговата земја е највисока меѓу државите од поранешиот заеднички југословенски простор на ткн западен Балкан по, а истовремено во Македонија таа е најниска.
Според пресметките на црногорското биро за статистика прсечната нето плата за јануари 2023 година, изразена во евра, во Црна Гора изнесувала 757 евра, а зад неа е Србија со 706 евра. Според овој показател следува Босна и Хрцеговина со 617 а на опашката е Македонија чии граѓани во првиот месец од годинава во просек земале плата во износ од 550 евра.