Општина Аеродром со иницијатива до Собранието за отстапување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето

Општина Аеродром ја информира јавноста дека на седница на Советот на општината одржана на 04.04.2023 година, донесена е одлука за иницирање постапката до Собранието на Република Македонија за отстапување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето и негово поставување во населба во општина Аеродром. Точката беше ставена на дневен ред, како дополнителна точка на предлог на членовите на советот, а  Одлуката беше донесена со поддршка на советниците на ВМРО ДПМНЕ, Левица, како и советник од советничката група на СДСМ.

Имајќи предвид дека станува збор за одлука која сега е во надлежност на Собранието на Република Македонија, по целосното комплетирање, иницијативата која е усвоена од страна на членовите на советот на општина Аеродром, наскоро ќе биде доставена до собранието. Крајната одлука за евентуално преземање на споменатиот споменик и понатамошно негово поставување во Општина Аеродром ќе ја има оваа државна институција.

Со оглед на фактот дека Советот на Општина Аеродром, како и Собранието на Република Македонија се претставнички органи на граѓаните, каде членовите се избрани не непосредни избори со гласање, Општина Аеродром има обврска да ги почитува одлуките донесена од страна на двата државни органи.

Апелираме до сите поединци, политичките партии и останатите општествени чинители да се воздржат од ширење и пласирање дезинформации поврзани со оваа тема во јавноста.