
Министерството за образование и наука информира дека Министерството за претприемништво и туризам на Романија почна програма за доделување 40 стипендии за странски државјани за академската 2023/2024 година.
Апликациите за стипендии за може да се поднесуваат од 1 април до 30 јуни 2023, само во електронски формат, на мејл-адресата: [email protected]. Изборот ќе се изврши најдоцна до 31 август 2023.
Информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за претприемништво и туризам на Романија.