
Хотелските аранжмани во Охрид и во Струга во претстојната туристичка сезона ќе поскапат за 30 отсто, велат од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) за ТВ 24, додавајќи дека ќе има покачувања на цените и за претстојните велигденски празници.
Од Асоцијацијата наведуваат дека поскапувањето се должи на високите цени на производите и енергенсите, како и на повисоките плати на вработените, со цел да ги одвратат од заминување во странство.
– Македонија останува најевтина дестинација во регионот и покрај поскапувањето на услугите. Нема повеќе дваесет и нешто евра за ноќевање, туку е триесет и нешто евра, а некаде и повеќе – истакна претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, во изјава за ТВ 24.
Тој наведе оти во Охрид и во Струга се очекуваат туристи од Холандија, Турција, Полска и Англија.