
Малиот Петар Димитров е предвреме родено бебе, на кое уште во првата година од животот му е дијагностициран Вест синдром и како резултат на тоа се уште не може да седи или стои самостојно.
За да оди на потребната рехабилитација и физикална терапија во Загреб потребно е да се соберат 30.000 евра.
Како дел од акцијата за собирање на средствата, во понеделник на 10-ти април ќе се одржи хуманитарен настан, забава во Трибека каде што ќе пее Филип Јордановски.
За помош на Петар може да се донира и преку телефонски броеви на двата оператори:
Телеком на бројот 143 113
А1 на бројот 143 666