Netflix ја најавува анимираната серија „Stranger Things“

Стриминг платформата Netflix прави анимирана серија чиешто дејствие е сместено во научно-фантастичниот свет „Stranger Things“, што е дел од нејзините напори да ја прошири популарната серија во широка франшиза.

Тоа од Netflix ја најавија во официјално соопштение објавени во понеделникот, но не ги откриваат нејзиниот назив или датумот на прикажување.

„Отсекогаш сонувавме за анимиран Stranger Things во духот на саботните утрински цртани кои ги сакавме додека растевме“, велат во писмената изјава за медиумите браќата Дафер, авторите на оригиналната серија „ Stranger Things“.

„Stranger Things“ првпат се појавија на Netflix во 2016 година и станаа најгледаната серија на англиски јазик на оваа компанија. Серијата раскажува за група тинејџери кои се борат со необични појави во измислениот град Хокинс во Индијана.

Од Netflix и претходно најавуваа дека во подготовка е спин-оф серија „Stranger Things“ и претстава којашто премиерно ќе биде изведена во лондонски „Вест Енд“ во ноември.