
Времето во Македонија во средаа ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се во интервалот меѓу 0 и 8 степени, а максималните дневни соодветно ќе се движат од 8 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо oблачно време со сончеви периоди и ветровито, со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневната температурата ќе достигне до 18 степени.