
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие.
– Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.