Кина ќе забрани пловидба близу Тајван поради остотици од ракета

Кина ќе го забрани пристапот на бродовите во областа северно од Тајван во недела поради можни остатоцо од ракета, соопшти во четвртокот Кинеската управа за поморска безбедност, без дополнителни поединости

Најавата дојде откако Тајван и соседните земји соопштија дека Кина ќе воведе зона на забранети летови во приближно истата област во недела наутро, што ќе влијае на околу 33 летови.

Кина не ја коментираше веста за зоната на забранети летови, но Јужна Кореја, запознаена со плановите, објави дека одлуката е донесена поради падот на објект од ракета-носач.

Кинеската управа за поморска безбедност објави дека ограничувањата ќе ја погодат областа во Источното Кинеско Море од 9 до 15 часот по локално време во недела.