
Кинескиот извоз силно пораснал во март, одразувајќи го бранот побарувачка на електричните возила, соларните панели и литиумските батерии, извести во четвртокот кинеската царинска управа.
Извозот во март скокнал за 14.8 отсто во однос на истиот период минатата година, по петте последователни месеци пад.
Увозот, пак, се намалил за 1,4 отсто, значително поблаго отколку во првите два месеца од годинава, кога потона за 10,2 отсто. Зголемувањето на увозот на сирова нафта, железна руда и соја го надоместил намалениот увоз на бакар.
Пресвртот во извозот портпаролот на царинската управа Лв Далианг го припишува на јакнењето на побарувачката на електричните возила, соларните панели и литиумските батерии. Но, ситуацијата во идните месеци би можело да се влоши, предупредува.
„Надворешното опкружување сѐ уште е тешко и комплициран. Слабата надворешна побарувачка и геополитичките фактори ќе донесат поголеми предизвици во развојот на кинеската трговија“, изјавил Лв Далинаг во четвртокот на брифингот за новинарите.
Премиерот Ли Кианг изјави на минатонеделната седмица на владата дека функционерите би требало да ја испробаат „секоја метода“ за да ја поттикнат трговијата со развиените економии.
Би требало, исто така, да се охрабруваат компаниите да ги истражуваат можностите за проширување на размената со економиите и пазари во формирање, како што е се оние во Југоисточна Азија, додаде премиерот Ли.