
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“.
На 10.11.2022 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и неговото патничко возило „ауди“, при што во возилото биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 мм и шест боеви куршуми за пиштол калибар 7,65 мм, а за кои не поседувал дозвола.