Пристанишниот терминал во Хамбург прогласен за клучна инфраструктура на Германија

Терминалот Толерорт во хамбуршкото пристаниште е прогласен за клучна инфраструктура, по влегувањето на кинеската логистичка компанија во сопственичката структура, а операторот „Container Terminal Tollerrot“ тврди дека го потег не би требало да донесе значителни промени.

Во есенскиот преглед на инвестициите на германското Министерство за економија, споменатиот пристанишен терминал сѐ уште немаше статус на клучна инфраструктура, соопшти матичната компанија на терминалот „Hamburg Hafen und Logistik“ (HHLA), додавајќи дека новата класификација е воведена на почетокот од годинава.

Статусот не сигнализира позначителни промени, тврдат во компанијата „затоа што HHLA веќе е класифицирана како клучна инфраструктура од 2018 година и се позиционираше во согласност со тоа“, изјави за агенцијата DPA портпаролката на операторот. „Компанијата уште тогаш беше потполно усогласена со исполнувањето на обврските за безбедноста на IT инфраструктурата“, додала.

HHLА би требало да го контролира оперативното управување со терминалот, односите со корисниците и IT системите, а кинеската компанија COSCO нема да има право на пристап ниту на одлучување, вклучително и при одлуките за земјиштето на терминалот.

Статусот на клучна инфраструктура бара посебна заштита, но последиците не се јасни. Портпаролката на германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави во средата дека поради промените на условите министерството ги проверува импликациите. Сојузното биро за информатичка безбедност (BSI) и сојузното министерство за внатрешни работи одбиле да го коментираат доделувањето на статусот клучна инфраструктура за терминалот.

Одлуката за доделување статус на клучна инфраструктура ја носи Министерството за внатрешни работи, а одлуката за инвестиции на странски компании ја носи Министерството за економија.

Влегувањето на COSCO во сопственичката структура ги разбранува духовите мината година и владата во Берлин на крајот го одобри стекнувањето на удел помал од 25 отсто. COSCO во почетокот сакаше да купи 35 отсто од уделот и да го модернизира терминалот за да стане негов европски центар за претоварување на стоките.

Портпаролката на министерот Хабек истакнала дека, без оглед на новите факти, министерството сѐ уште крајно не ја потврдила аквизицијата и не е јасно дали сѐ уште може да биде забранета. Според Уредбата за надворешна трговија и платен промет, класификацијата на министерството за економија дава повеќе можноста за забрана за купување на компании од држави надвор од Европската унија.

Социјалдемократскиот германски канцелар Олаф Шолц, поранешен градоначалник на градот сојузна покраина Хамбург, ја поддржуваше аквизицијата на COSCO, додека, пак, министерството за надворешни работи на Аналена Бербок од коалицискиот партнер Зелените, ја предводеше групата на оние кои изразуваа сериозни резерви и противење.