Тоа што му го направи Амбер Херд на Џони Деп е ужасно, тврди поранешната сопруга

Шминкерката Лори Алисон, првата сопруга на актерот Џони Деп, се огласи по долго време.

Таа проговори за врската меѓу Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Лори вели дека ѝ било тешко да го гледа Деп на суд, а ги превртела очите при спомнувањето на Амбер Херд.

“Ја запознав на забавите во нивната куќа и ми изгледаше многу убаво, а беше и убава, па не беше тешко да се заљуби во неа. Но како одминуваше времето слушав разни работи за неа и тој веќе не ми изгледаше среќен“, се присети таа за време на интервјуто за подкастот Popcorned Planet.

„Тоа што му го направи Амбер е ужасно и кога би можела некако да ѝ се одмаздам, а ако е легално, би го направила“, додала Лори. Таа вели дека го гледала судењето во солзи и дека била загрижена.

За Џони Деп има само пофални зборови и по разводот.

„Тој е многу дарежлив човек со најголемото срце од сите луѓе што ги запознав. Го сакам и му посакувам само најдобро и се надевам дека ги има истите чувства кон мене. Едвај чекам да се сретнеме повторно затоа што би сакала да го гушнам“, рече таа.

Лори и Џони се венчаа во 1983 година. Тој имаше 20, а таа 25 во тоа време. Тие се разведоа две години подоцна, но останаа во добри односи. Да потсетиме дека во јуни 2022 година, Џони Деп ја доби тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го тужеше за семејно насилство.