
Илјадници верници се собраа во Ерусалим во базиликата на Светиот гроб каде се одржа и церемонијата на преземање на благодатниот оган, на која за прв пат учествува македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на делегацијата на македонската православна црква – митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.
Вечерва благодатниот оган пристигнува во Скопје во Македонската православна црква.