
По низата кинески инвестиции договорени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, прв пат имаме американски проектант и изведувач и веднаш режимското ВМРО-ДПМНЕ, во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција.
ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, против секој напредок во државата.
Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.
Со СДСМ државата се развива, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал.
Центар за комуникации на СДСМ