
Односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Кина ќе зависат од однесувањето на Пекинг, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна полиитка, Жозеп Борел во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на групата седум најразвиени земји.
Тој ја опиша Кина како „партнер, конкурент и системски ривал“ и рече дека „однесувањето на Кина“ ќе одреди кои од тие односи ќе негува ЕУ.
На состанокот на министрите на Г7 најверојатно ќе стане збор за „заеднички и усогласен“ пристап кон Кина, рече неименуван претставник на Стејт департментот.
„Ројтерс“ потсетува дека неодамнешните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон упатија на потенцијални разлики во односите меѓу Европа и САД по прашањето на Кина.
По посетата на Пекинг, Макрон предупреди дека Европа не смее да биде фатена во кризата околу Тајван која е водена од „американски ритам и кинеска претерана реакција“.