
Кошаркарите на Филаделфија 76 поведоа со 1-0 во првиот круг од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, откако на домашен паркет ги совладаат Бруклин Нетс со 121:101.
Филаделфија целиот натпревар беше во водство, со тоа што поголема резултатска предност оствари во третата четвртина, кога се зголеми на дваесет поени разлика. Така Филаделфија поведе во серијата до четири победи.
Бруклин не можеше да ги сопре најголемите адути на Филаделфија, па така Џоел Ембид оствари 26 поени со пет скокови и три асистенции, додека Џејмс Харден додаде 23 коша со дури 13 асистенции и четири скокови. Тобијас Харис, исто така, беше конкретен на отворањето на доигрувањето, и уфрли 21 поен со по четири скокови и асистенции.
На спротивната страна најдобри беше Микал Бриџес кој постигна 30 поени со многу добар шут од игра 12 погодоци од 18 обида.