
Во неделата вечерта околу 19,45 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба на подрачјето на општината Гази Баба го лишиле од слобода 37-годишниот М.И. од скопското село Сингелиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид, од објект во изградба.
Во врска со случајот, малку подоцна М.И. пријавил дека околу 19,10 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврди предмети од Б.И. и уште едно лице, откако бил затекнат при обид да го изврши кривичното дело во објектот. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.