Визна либерализација за Косово

Европскиот парламент во Стразбур денеска без гласање ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните на Косово.

Новите правила ќе им овозможат на имателите на пасоши издадени од привремените власти во Приштина да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена, а треба да почнат да се применуваат од 2024 година.

Укинувањето на визите за граѓаните на Косово и Метохија кои патуваат во ЕУ беше предложено од Европската комисија во декември, врз основа на оценката дека Косово и Босна и Херцеговина постигнале значителен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визен режим. Утре ќе се одржи церемонијата на потпишување на правниот акт на која ќе учествуваат претставници на ЕП и на Советот на министри на ЕУ.