Без вода дел од улиците „Џумајска“ и „Козле“ поради дефект

Поради дефект ф-2 на улицата „Џумајска“ број 9, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од улицата „Козле“, од број 31 до број 88, информираат утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:20 часот до завршување со санација на дефектот.