Роберт Кенеди Џуниор ја објави кандидатурата за претседател на САД

Роберт Кенеди Џуниор официјално ја објави својата кандидатура за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември 2024 година.
Роберт Кенеди Џуниор е внук на починатиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на поранешниот американски државен обвинител и претседателски кандидат кој беше убиен во 1968 година, Роберт Ф. Кенеди.
Кенеди има 69 години и работи како адвокат во областа на еколошки активизам.
За време на пандемијата, Кенеди беше остар критичар на вакцинацијата против корона.