
Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Охрид променливо облачно со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Како што соопшти УХМР, од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.