
-Ако е увезена инфлацијата тогаш се поставува прашањето зошто еврозоната има два пати помала инфлација од Македонија во март, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, кој е неговиот коментар во однос на зголемената инфлација во државата.
Тој истакна дека додека Македонија само во месец март се соочува со инфлација од 14 проценти, посочувајќи дека владата на ДУИ и СДСМ знае дека за неколку месеци си заминува, па затоа се обидува да ги испокраде граѓаните и да избега од правдата, но како што рече тој, нема да можат да се сокријат.
„Проблемот е затоа што, ем не ги бидува, ем не знаат, ем многу крадат. Знаат дека доаѓа денот, за неколку месеци од денеска заминуваат и мислат дека сега ќе испокрадат и ќе избегаат потоа од државата и правдата нема да ги стигне. Но, јас ве уверувам дека нема каде да се скријат. На крај на свет ќе ги најдеме и ќе ги донесеме овде, но и со куферите да ги вратат парите на народот што ги украле. Јас го гарантирам тоа, дециден е Мицкоски.