
Илјадници продавници во Германија засекогаш ќе ги затворат своите врати поради растот на оперативните трошоци и падот на куповната моќ на потрошувачите, и тоа само годинава 9.000 продавниците, а без успешните дуќани градските центри немаат многу перспектива во скора иднина, предупреди во понеделникот германското здружение на трговци во малопродажбата HDE.
Бројката на малопродажните дуќани во најголемата според обемот економија веќе се години е во пад, а во текот на пандемијата на коронавирусот трендот на нивното затворање забрза, бидејќи потрошувачите купуваа преку интернет.
Во текот на секоја од годините во периодот од 2020 до 2022 година вратите трајно ги затворале 11.000 физички дуќани. Во периодот од 2015 до 2019 година, на годишно ниво во просен биле затворани околу 5.000 дуќани. Во HDE предвидуваат дека во 2023 година ќе бидат затворени уште 9.000 продавници.
Кога настрана ќе бидат ставени микро-продавниците, ширум Германија работата 311.000 продавници, а за споредба во 2015 година ги имало 373.000, според податоците на здружението.
„Имајќи ги предвид бројките последните неколку години, би требало да ѕвонат сите ѕвона за аларм во сите градски центри и меѓу политичарите. Без успешни малопродажни дуќани, градските центри немаат многу перспективи во иднината“, предупредува претседателот на HDE, Александер фон де Преен.
Додава дека ситуацијата со трошоците и куповната моќ најмногу влијае врз помалите специјализирани малопродажни дуќани, како што се модните бутици, продавниците за обувки и пекарниците. Истовремено, и многу големи трговски синџири ја намалуваат својата мрежа продавници.
„Сѐ поголемиот број празни деловни простори во многу места и во центрите на поголемите градови ги прави помалку атрактивни, а ја загрозува состојбата на другите претприемачи“, предупредува фон Преен.
За да се забави гаснењето на продавниците, фон Преен вели дека „небирократските и брзи процеси на одобрува на пренамената и менувањето на зоните би морало да биде на врвот на листата приоритети на владата“. „Доколку умре малопродажниот сектор, умира и градот“, предупредува фон Преен.