
Книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име” од доц.д-р Бранислав Светозаревиќ, пристигна кај македонската заедница во Германија. На иницијатива на клубот „Александар Македонски” од Карлсруе се одржа промоција во извонредна атмосфера, со многу прашања и дискусии за македонското име и идентитет низ вековите потврдено од странски извори. Колективната меморија е она што нѐ спојува.
Организатор на промоцијата е Ацо Крстески и македонскиот клуб „Александар Македонски“ од Штутгард. Ова е дел од европската турнеја на промоции на книгата. Следат промоции во Тринген Швајцарија и Пјаченца Италија. Организатори се македонските заедници и македонско црковните општини.