Смрт за медиумите, пари за Апасиев да живее

Значи без Таче не ми трга колумна. Не за друго. Заради нас. Добивам порака од еден драг пријател и ми вика гледај. Богдан Илиевски објавува: Таче држи предавање во Виена на 21.04. 2023 година и тоа на дипломатска академија (една од четирите во Европа или светов, не ми земајте за зло), дека сите проблеми се решаваат „Вит Болс (With Balls)“ демек со мадиња. Какво сељачиште од премиер имаме. Така да не ми преостанува ништо друго освен да помислам дека специјално Таче ја отпеал: „Не плачи душооо, веч ти је ушооо, ал није до краја, шлајфују јајааааа“.

Со кого ние си имаме работа? Еее. Дали почитувани мои се сеќавате дека овие другарчињава од СДСМ се колнеа во најмилото дека ќе го променат раководството на Агенцијата за Медиуми? Пред шест години. Напиша пусти Дамјан Манчевски закон, отворија конкурси и… да ги променија, аха. Само им наредија дека овие благонадежниве ВМРО-овци сега се од СДС. А, овие се фалат кај Мицковски као демек ги превеслале овие стокиве од СДС жедни преку вода. Само за идиоти што немаат елементарно политичко познавање конкурс кој мора да заврши за 30 дена за нив шест години е отворен и тое е нормален чин, со образложение: Сега не е времето, има поважни работи.

Заклучок: Да им дадеш две овци на СДС, Шар Планина ќе ја изгубат.

Туку го гледам радикалнион левичар Апасиев како дава изјави за медиумите. И тоа пазете на медиум. Овие водителиве наместо да  му удрат ќутек, си премолчеа. А, се праат тепачи и десничари. Тоа е исто како да им кажа, ја сакам Вие како медиум да умрете и Вас како медиумски работници да ве убијат!

Изјавата е следна: Во првиот дел вели: Неможе со народни пари да се богатат националните медиуми, во вредност од седум милиони евра.

Во вториот дел вели: Мора да се општествено одговорни и да емитуваат реклами за без пари.

Прво Апасиев појма нема што значи рекламирање и нема основни познавања за информации од јавен карактер и нивна дистрибуција до граѓанин.

Како може он да збори за рекламирање кога никој во Македонија, ама баш никој, нема информација колкав е вкупниот рекламен колач и како е тој распределен по медиуми.

Ама затоа знае за државно финансирање за време на изборна кампања за неговата партија и рекламирање на медиуми. Арно вика една видна личност од СДС (нормалниот). Овие од Левица се поопасни и од Фрчко. Коа ќе видат пари има да биде андре андре арибааа, односно „ради гуза ко медуза“.

Морале медиумите да бидат општествено одговорни и секогаш се заканува со закони. Он прво не влегол во медиум да види како тоа функционира. Он незнае што е инскрајбер, организатор, реквизитер, реализатор итн. Тоа се вика техника во медиум. Тоа е срцето на медиумот.

Апасиев е ирелевантен за овој тип проблематика затоа што тој медиумската индустрија ја разбира како еден мој средношколски другар кога пишува писмена задача по македонски за Меша Селимовиќ и си го споменува авструнгарскиот Султан. Само што овој мојов е скопски мангуп и стар бизнисмен 30 години, а овој демек научников сигурно ќе заглиби законски на следниов проблем:

  • Во Македонија е најстрого забрането рекламирање на жесток алкохол. Инаку во цел свет е дозволено со нормално шест златни правила. Претпоставка е дека во сите видови на медиуми преку рекламирање би влегле во конечен просек од денес па во наредните пет години, годишно два милиони евра.

Да ти кажам една приказна. Јас и Зоки Антена 5 тајно преговараме со Рос Бигам за влез на А1 Телевизија во рамките на Асоцијација на Комерцијални Телвизии во Европа, каде дотичниот ни признава дека А1 е најголемиот програмски бренд во Југоисточна европа и дека лидер на концептот е Дарко Перушески. Условите за влез беа неисплатливи. Заеш кој беше на власт, Никола Груевски. Знаеш кој беше главен уредник, Младен Чадиковски. Велија Рамковски својата кариера ја заврши со зборовите: „Се претера новинарството“.

Ама зошто сеа да збориме за напредок ние ќе збориме за корупција во медиумите. А, не така другар Апасиев. Се корумпираат новинарите. Еве глеаш јас јавно зборам. Ти као нешто се буниш. Ама не ти оди.

Вели ќе работел на транспарентност во медиумите. Клапчо еден тоа е напишано уште во 2005 година. Демек ќе докажува криминал. Ахаха. Па, ти со анаконди имаш работа. Зошто? Прво ќе ти вратат да ја кажеш твојата транспарентност за 36 штаба. Од кај ти пари? А, ти следуваат од државата. Па што ги земаш? Нели си за народот?

Значи класика преварант во идеолошка смисла е другарот Апасиев.

Мислам дека Апасиев не го дослушал својот другар Енвер Хоџа. Кој му велел: Јас си умрев мирно, гледај да не завршиш ко жена му на Мао Це Тунг.

Да живее Македонија

П.С. следната колумна е за улогата на ЗНМ во корупцијата организирана од страна на Владата. Ќе ги објавам дел од парите кои ги има примено една Пи-Ар агенција.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес