
Припадниците на германските специјални сили упаднале во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг за да ја прекинат заложничката драма во раните утрински часови во вторникот, објави полицијата на Twitter.
Осомничениот сторител извршил самоубиство, а неговиот заложник е неповреден, додава берлинската полиција.
Фоторепортерот на агенцијата DPA известува дека, заложникот кој бил со часови држен бил одведен од местото со возило на итната медицинска помош.
Претходно од „опасната зона“ била спасена една жена, која била полесно повредена, се додава во полицискиот извештај.,
„Можам да потврдам дека операцијата е завршена“, изјавил портпаролот за DPA во вторникот рано утрото. Додал дека специјалните единици упаднале во продавницата малку по 2,30 часот по локално време.
Првиот повик за грабеж во продавницата во полицијата биле примени во 17,30 часот во понеделникот по што била покрената обемна операција близу Витенбергплац, плоштад во луксузниот кварт западно од центарот на Берлин, каде се сместени големи продавници.
Со часови до доцна во ноќта оваа инаку фреквентна област на градот беше оградена и непристапна.