Погубување во Сингапур поради трговија со канабис

Во Сингапур во средата е погубен маж осуден за трговија со дроги, изјави претставник на неговото семејство и покрај молбите на неговите најблиски и активистите да биде помилуван.

Четириесет ишестгодишниот Тангараџу Супиах е осуден уште во 2013 година за поседување на повеќе од килограм канабис, двојни повеќе од прагот за смртна казна во овој азиски град-држава познат по исклучително строгите закони за наркотици.

Кокила Аннамалаи, сингапурска активистка за човекови права кој го застапува неговото семејство, потврди дека Супиах е погубен со бесење откако претседателката пред погубувањето ги отфрлила молбите за помилување.

Британскиот милијардер Ричард Брансон, познат противник на смртната казна, изјави дека пресудата против Супиах не ги исполнува стандардите на пресуда за кривични дела, бидејќи бе бил во близина на дрогата кога е уапсен.

Сингапурската влада во одговорот истакнува дека Бансон шири невистини и не го почитува сингапурскиот правосуден систем, додавајќи дека судовите спровеле повеќе од три години истражувајќи го случајот и дека тврдењето на Британецот е „очигледно невистинито“.

Канцеларијата за човекови права при Обединетите нации, исто така, го повика Сингапур да не го спроведе погубувањето и да „усвои службен мораториум на погубувањата за кривични дела поврзани со наркотиците“.

Сингапур минатата година погубил 11 луѓе и вели дека смртната казна е ефикасно средство за одвраќање од дрогите, како и дека повеќето од тамошните жители ја поддржуваат таквата казнена политика.