Словенија во тајност испратила 20 оклопни возила во Украина

Словенија продолжува да испраќа значителна воена помош за Украина, а според медиумите од земјата, словенечката влада неделава во целосна тајност деновиве испратила во Украина 20 оклопни возила „Пандур“ вооружени со митралези од 12,7 мм и фрлачи на гранати од 40 мм. Станува збор за возила стари 24 години, а тоа се најновите што Словенија досега ги испратила во Украина.
Станува збор за оклопни возила „6х6“ кои се произведуваат во Словенија по лиценца на австриската компанија Штајр Дајмлер Пух, дел од американската групација „Џенерал Дајнамикс Ленс Системс“. Словенечката армија поседува 85 од овие возила, кои таа ти нарекува „Валук“.
Словенечките медиуми тврдат дека целата операција траела неколку месеци бидејќи прво требало да се подготват и сервисираат возилата, а потоа да се уреди транспортот. Возилата потоа биле префрлени, најверојатно со словенечки транспортен авион Ц17, во неколку кругови во Словачка или Полска, од каде потоа биле испратени во Украина. Словенците тврдат дека Украинците ќе ги користат овие возила во претстојната офанзива.
Според достапните информации, Словенија досега испратила во Украина 35 оклопни возила М80 А, 28 тенкови Т55 С, 16 хаубици од 105 мм и 20 Хамви. Се преговараше и со Германија за испраќање на тенкови М 84, но тоа не се реализира. За возврат, Словенија од Германија доби германски пешадиски борбени возила „Мардер“ и оклопен транспортер „Фукс“ тип 6х6, како и нови камиони. Сè уште очекуваат воена помош вредна неколку милиони од САД.