
Поранешниот чувар на мрежата на машката ракометната репрезентација на Македонија и сегашен член на Вардар 1961 пред неколку дена доби документ од Македонскиот олимписки комитет во кој имаше одлука за суспензија во период од четири години поради ставови пренесени во ТВ-емисија.
Ристовски денеска организира прес-конференција на која ќе ги каже своите ставови околу целата ситуација.
-Почитувани медиуми, Ве поканувам на прес-конференција што ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк” во Скопје. Тема на прес-конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК, соопшти македонскиот голман.
Голманот на Вардар 1961 е казнет дека како претставник на политичка партија во ТВ емисија За или против изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Даниел Димевски кои би можеле да бидат штетни по МОК.