
Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавува „360 степени.мк“. Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад, објавува порталот „360 степени“.
По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево.
Според полицијата, по извршени бројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои и распити, одземање видео-снимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.
Убиството е извршено со прободување со остар колец.
Се истражуваат причините за убиството. Работата на случајот ја продолжуваат вработени во Одделението за криминална полиција при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одреден притвор до 24 часа.